УТМС на обука во УЈП Скопје
Студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во рамките на агендата на посета на значајни институции во државата, имаа можност да ја посетат Управата за јавни приходи на Република Македонија, при што одблизу да се запознаат со работата на оваа значајна финансиска инстутуција.
Во организација на директорот на Управата во Скопје, господинот Есмеров, пред студентите свои супериорни презентации имаа раководителите на секторите (одделенијата) во една единствена органиграмска целина, почнувајќи од Дејан Ташков од канцеларијата за односи со јавноста, Мимоза Доковска од секторот за утврдување и наплата на данок, потоа Тања Анчевска од одделението за присилна наплата, како и Олга Начкова од Центарорт за обработка на даночни пријави.
Особен интерес предизвика настапот врзан за ризикот од губење на репутацијата на компаниите, кој може да настане како резултат на евазија на даночните обврски по сите основи.
Студентите особено се заинтересираа, а раководителите со големо задоволство и особено стручно им ја позиционираа целокупната постапка од евидентирање, поднесување, пресметка, наплата, се до заокружувањето на даночните пријави.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/496-studentite-od-ekonomskiot-fakultet-pri-utms-vo-poseta-na-ujp#sigProId47b1fc1061