Магистерски студии
Економија
Основната цел на вториот циклус студии по Финансии е создавање на високо квалификувани кадри подготвени за раководни позиции во финансискиот сектор. Програмата обезбедува напредно образование, развој на критичко размислување, аналитичка обработка на финансиски податоци и донесување на стратешки одлуки во бизниси, јавни институции и финансиски организации, на национално и меѓународно ниво.
Со оглед на зголемените потреби за финансиски експерти поради глобалните трендови, програмата нуди специјализирано образование за решавање комплексни финансиски предизвици и учество во процесите на финансиско управување. Пазарната анализа покажува дека финансиските институции (банки, осигурителни компании, инвестициски фондови) бараат кадри со напредни аналитички и истражувачки способности, како и познавање на регулативи и политики.
Програмата е дизајнирана да ги задоволи овие потреби преку современа содржина која опфаќа корпоративни финансии, монетарни и фискални политики, инвестициони стратегии и менаџмент концепти. Програмата е усогласена со европските стандарди за високо образование и овозможува мобилност преку размена со реномирани универзитети и соработка со меѓународни институции.
Вториот циклус студии по Финансии на Економскиот факултет при Универзитетот Скопје нуди современо, конкурентно и пазарно релевантно образование кое ги подготвува студентите да станат лидери во финансискиот сектор и активни чинители во економскиот развој на земјата и регионот.
СТУДИСКА ПРОГРАМА: ЕКОНОМИЈА - втор циклус едногодишни студии (60 ЕКТС)
ЗВАЊЕ: МАГИСТЕР ПО ЕКОНОМИЈА, НАСОКА: ФИНАНСИИ
| Реден број | Код на предметот | Назив на наставен предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
| П | В | |||||
| ПРВА ГОДИНА | ||||||
| 1. | О511 | Методологија на научно истражувачка работа | Прв | 3 | 2 | 8 |
| 2. | Е511 | Корпоративни финансии | Прв | 3 | 2 | 7 |
| 3. | Е512 | Фискална економија | Прв | 2 | 2 | 5 |
| 4. | Изборен предмет од Табела 7.2 | Прв | 2 | 2 | 5 | |
| 5. | Изборен предмет од Табела 7.2 | Прв | 2 | 2 | 5 | |
| Магистерски труд | Втор | 30 | ||||
| Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година | 60 | |||||
Табела 7.2
| Ред. Бр. | Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | Од која единица | |
| Предавања | Вежби | ||||||
| 1. | E513 | Монетарна теорија и политика | Прв | 2 | 2 | 5 | Економски факултет |
| 2. | E514 | Инвестициски менаџмент | Прв | 2 | 2 | 5 | Економски факултет |
| 3. | E515 | Микро, мезо и макро економија | Прв | 2 | 2 | 5 | Економски факултет |
| 4. | E516 | Економија на јавен сектор | Прв | 2 | 2 | 5 | Економски факултет |
| Вкупно: | 20 | ||||||
Програма 2021/2022
| 9 семестар | 10 семестар |

