Додипломски студии

    Економија

    Студиската програма по Финансии, банкарство и осигурување е осмислена да обезбеди темелно образование и стручна подготвеност за работа во современиот финансиски сектор. Таа ги опфаќа клучните аспекти на економските и финансиските процеси, со цел да подготви студенти за професионална кариера во банки, осигурителни друштва, финансиски институции и јавни или приватни организации.

    Преку интегрирање на теорија и практика, студентите развиваат аналитички вештини, способност за критичко размислување и примена на економски модели во реални ситуации. Наставната програма вклучува предмети од областа на корпоративни финансии, банкарски операции, осигурување, управување со ризици и анализа на финансиски извештаи.

    Програмата е усогласена со европските образовни стандарди и поддржува мобилност преку меѓународна размена и соработка со сродни институции. Особено внимание се посветува на подготовката на студентите за лидерски и стратешки улоги во финансискиот сектор.

    Целта на програмата е да развие професионалци со длабоко разбирање на финансиските процеси и институции, подготвени за донесување одлуки базирани на анализа на податоци и економска логика. Студентите се оспособуваат за практична примена на теоретските знаења, развивање на истражувачки и комуникациски вештини, како и критичко размислување, со што се гради силна основа за вработување во различни сектори. Програмата исто така ги поттикнува студентите на активно учество, тимска работа и самостојно истражување во сите области на економијата, финансиите и менаџментот, со цел нивна поголема конкурентност на националниот и меѓународниот пазар на трудот.

    Студентите кои ќе дипломираат на студиската програма по Финансии, банкарство и осигурување ќе бидат способни да се справат со предизвиците на финансиските пазари, да работат во сложени економски системи и да придонесат кон финансиската стабилност и развој на економијата.

    СТУДИСКА ПРОГРАМА: ФИНАНСИИ, БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ - прв циклус четиригодишни студии (240 ЕКТС)

    ЗВАЊЕ: ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ, НАСОКА: ФИНАНСИИ, БАНКАРСТВО И ОСИГУРУВАЊЕ

    Реден број Код на предметот Назив на наставен предмет Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС
    П В
    ПРВА ГОДИНА
    1. Е111 Економија Прв 3 2 8
    2. МЧР112 Менаџмент Прв 2 2 6
    3. E112 Сметководство Прв 2 2 6
    4. ММ111 Маркетинг Прв 2 2 5
        Изборен предмет од Табела 7.2 Прв 2 1 5
    5. Е121 Статистика Втор 3 2 8
    6. Е122 Менаџерска економија Втор 2 2 6
    7. E123 Претприемаштво и мал бизнис Втор 2 2 6
    8. Е124 Економска географија Втор 2 2 5
        Изборен предмет од Табела 7.2 Втор 2 1 5
    Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година 60
    Реден број Код на предметот Назив на наставен предмет Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС
    П В
    ВТОРА ГОДИНА
    1. Е211 Финансиски пазари и институции Трет 3 2 8
    2. E212 Финансиско сметководство Трет 2 2 6
    3. Е213 Меѓународна економија Трет 2 2 6
    4. Е214 Е-бизнис Трет 2 2 5
        Изборен предмет од Табела 7.2 Трет 2 1 5
    5. E221 Финансиски систем и фискална економија Четврт 3 2 8
    6. Е222 Финансиски менаџмент Четврт 2 2 6
    7. E223 Платен промет Четврт 2 2 6
    8. L221 Деловно право Четврт 2 2 5
        Изборен предмет од Табела 7.2 Четврт 2 1 5
    Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година 60
    Реден број Код на предметот Назив на наставен предмет Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС
    П В
    ТРЕТА ГОДИНА
    1.  Е311 Банкарско работење Петти 3 2 8
    2.  Е312 Анализа на финансиски извештаи Петти 2 2 6
    3.  Е313 Осигурување Петти 2 2 6
    4.  ММ315 Маркетинг истражување Петти 2 2 5
        Изборен предмет од Табела 7.2 Петти 2 1 5
    5.  Е321 Инвестиции Шести 3 2 8
    6.  Е322 Девизен систем и девизно работење Шести 2 2 6
    7.  Е323 Меѓународни финансии Шести 2 2 6
    8.  Е324 Ревизија Шести 2 2 5
        Изборен предмет од Табела 7.2 Шести 2 1 5
    Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година 60
    Реден број Код на предметот Назив на наставен предмет Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС
    П В
    ЧЕТВРТА ГОДИНА
    1. Е411 Монетарна економија Седми 3 2 8
    2. E412 Управување со ризици Седми 2 2 6
    3. E413 Сметководствен информациски систем Седми 2 2 6
    4. МЧР413 Организациско однесување Седми 2 2 5
        Изборен предмет од Табела 2 Седми 2 1 5
    5. Е421 Хартии од вредност и портфолио менаџмент Осми 3 2 8
    6. Е422 Кредитна политика Осми 2 2 7
        Изборен предмет од Табела 2 Осми 2 2 5
        Дипломски труд Осми     10
    Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година 60

    Табела 2

    Ред. Бр. Код Назив на предметот Семестар Неделен фонд на часови ЕКТС Од која единица
    Предавања Вежби
    1.         МЧР113 Деловно комуницирање Прв 2 2 5 Економски факултет
    2.         МЧР111 Менаџмент на човечки ресурси Прв 2 2 5

    Факултет за менаџмент

    на човечки ресурси

    3.         МЧР123 Деловна етика Втор 2 2 5

    Факултет за менаџмент

    на човечки ресурси

    4.         L121 Европски интеграции Втор 2 2 5 Економски факултет
    5.         Е215 Деловно планирање Трет 2 2 5 Економски факултет
    6.         МЧР213 Општествена одговорност Трет 2 2 5

    Факултет за менаџмент

    на човечки ресурси

    7.         E223 Демографија Четврт 2 2 5 Економски факултет
    8.        

    МЧР222

    Проектен менаџмент Четврт 2 2 5

    Факултет за менаџмент

    на човечки ресурси

    9.         Е314 Глобализација и бизнис Петти 2 2 5 Економски факултет
    10.     IT311 Професионални вештини Петти 2 2 5 Факултет за информатика
    11.     MM324 Конкурентска предност Шести 2 2 5 Економски факултет
    12.     МЧР323 Деловно одлучување Шести 2 2 5

    Факултет за менаџмент

    на човечки ресурси

    13.     L411

    Бизнис и човекови права

    Седми 2 2 5

    Факултет за менаџмент

    на човечки ресурси

    14.    

    ММ415

    Марктинг на услуги Седми 2 2 5 Економски факултет
    15.     L421 Економски аспекти на меѓународно право Осми 2 2 5 Економски факултет
    16.     ММ421 Маркетинг политика на цени Осми 2 2 5 Економски факултет
    Вкупно: 30  

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај