
Проф. д-р Далиборка Блажеска
Декан на Економскиот факултет
Потребата од кадри за стручната област на економските дисциплини е во функција на успешното имплементирање во стопанскиот сегмент на Република Македонија при вклучувањето во европските и светските организации и институции. Дефинирањето и подготовката на студиските области и програми се во согласност со законот за високото образование, со почитување на европските и светските трендови за трансформација и реформи на високото образование. Изборот на наставните предмети и нивната застапеност овозможува стекнување со продлабочени и специјализирани знаења од областа на економијата, со стимулирање на креативноста и афинитетите на студентите. Во реализација на студиските програми се настојува да се афирмира активната улога на студентот преку присуството и влијанијата врзани и за истражувачки семинари, дебати, научни и стручни консултации.