Глобалната логистика како акцелератор на стопанските активности во меѓународниот бизнис
Студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје имаа ретка можност работно да ја посетат една од најуспешните компании во областа на глобалната логистика, каде активно разменија свои видувања и сознанија од оваа, неопходна и исклучително стручна услужна мезоекономија во стопанството.
Директорот на оваа компанија м-р Небојша Цветановски , инаку член на Советодавниот одбор на Економскиот факултет на УТМС, пред студентите ги презентираше современите тенденции во транспортот и логистиката на глобално ниво, како и имплементацијата на истите на македонскиот пазар, при тоа ставајќи посебен акцент на можностите и ограничувањата, како и на процесите кои следуваат по основ на се поголемото присуство на странски компании во Република Македонија.
Во рамките на своето предавање м-р Цветановски ја презентираше и организационата структура на компанијата, која подразбира практицирање на современите менаџерски пристапи, фундирани врз обавување на кор (core) функциите и outsource-ингот со акцент на продуктивна основа и максимализирање на проспективниот сегмент на работењето.
Во присуство на Раководителот на секторот за транспорт, г-ѓа Весна Стеванова, студентите остварија комплетно фамилијаризирање со практичното изведување на постапките во рамките на сите продукти (сектори): континентален транспорт, интерконтиненталел транспорт, царинско складирање и дистрибуција и царинско посредување.
Оцена на студентите-учесници во работната посета, кои не го криеја своето огромно задоволство, е дека ова беше една од најсофистицираните и најпрактично обоените работни посети, кои, дефинитивно, треба да се реализираат перманетно и што почесто.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/494-utms-vo-rabotna-poseta-na-interevropa-global-logisik-servis-skopje#sigProIdad4688a376