Држава сместена во срцето на Европа со силен економски раст и висок потенцијал за развој на туризмот. Вака со една реченица, ја опиша својата земја амбасадорот на Унгарија Д-р Јозеф Бенце,на предавањето што го одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, на кое, покрај студентите од УТМС, присуствуваше и целокупниот наставен кадар од Универзитетот. Претставувањето на Унгарија како туристичка дестинација е дел од веќе воспоставената практика на учество на гости предавачи, кои на овој начин ја преставуват својата земја од повеќе аспекти, пред се од културен, потоа економски и секако презентирајќи го најзначајниот аспект, односно туристичкиот потенцијал на државата.
Својата презентација, амбасадорот на Унгарија Д-р Јозеф Бенце, ја започна со преставување на фактичката состојба на својата земја, при тоа потенцирајќи дека станува збор за држава која има одлична патна инфраструктура со регионални и интернационални аеродороми. Држава,со силен економски раст кој постојано се зголемува, се со цел да се следи чекорот со Европската Унија. Тој, како мошне значајна ја истакна бројката од четири милијарди евра заработени од туризмот, што е резултат на повеќе фактори, меѓу кои како што рече, извонредната работа на Туристичката национална канцеларија, која функционира како составен дел на Министерството за економија на Унгарија. Оваа канцеларија која практично го менаџира туризмот во Унгарија, во последиот период особено внимание обрнува на здравството и таканареченара „зелена„економија“.
Образлоќувајќи ја целосно географската туристичка карта на својата земја, амбасадорот на Унгарија, Д-р Јозеф Бенце, истакна неколку карактеристики кои преставуваат потенцијал за развој на туризмот на Унгарија, меѓу кои се најдоа постоењето на илјада топлотни природни извори, стотици извори со термална вода, стотици здраствени и спа хотели, и секако неколкуте терапевтски пештери. Како особен сегмент од туризмот на Унгарија, амбасадорот Бенце го издвои спа туризмот нарекувајќи ја својата земја, главен град на спа туризмот во Европа.
Во поглед на соработката на Унгарија со Република Македонија, неговата екселенција г-дин Бенце истакна дека на неа се работи, но за истата да биде што по интензивна, посочи дека нашата земја посебно внимание треба да обрне врз транзитниот туризам, пред се поради големиот број на унгарски туристи кои нивните годишни одмори ги минуваат во соседна Грција. Во оваа насока ја спомена и унгарската WIZZ air, инаку ниско буџетната авио компанија, која на македонските туристи им овозможува по ниска цена да патуваат низ европските метрополи. Но, за што подобра конекција меѓу Република Македонија и Унгарија, амбасадорот Јозеф Бенце истакна дека посебно внимание треба да се обрне на работата на туристичката агенција Атлас од Унгарија, која организира и размена на студенти меѓу двете земји.
Покрај, амбасадорот, во презентацијата на Унгарија како туристичка дестинација, учествуваше и неговиот економски советник Ервин Сзел, кој низ статистика го образложи растот на економијата на својата земја.
Од името на Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. Д-р Аце Миленковски, делегацијата од унагарската амбасада ја поздравија Проректорот за меѓународна соработка Проф. Д-р Зоран Ивановски и професорот Димитар Бојаџиески, кои истакнаа дека нивното присуство на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е од особено значење за студентите, бидејќи со ова предавање имаа можност да добијат комплетна слика за Унгарија.
Деканот на Факултетот за туризам при УТМС, Сашко Граматниковски информира дека идејата за повикување на амбасадорите кои се во Македонија произлегла од нивниот предмет Туристички дестинации.
- По предметот се изучуваат најважните туристички дестинации во светот. Кој друг ако не самите амбасадори најубаво ќе ја претстават својата земја зашто тие се компетентни, можат и умеат да го направат сето тоа и да им ја приближат својата земја на студентите, рече Граматниковски.
- Би сакале да докажеме дека туризмот не се учи само од книги и дефиниции, туку низ вакви практични примери студентите можат многу да научат за одредена туристичка дестинација, рече Граматниковски.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/406-ungarija-glaven-grad-na-spa-turizmot-vo-evropa#sigProIde7a6c0f886