СТУДЕНТИТЕ НА УТМС ВО ОПЕРАТИВНО-ЕДУКАТИВНА ПОСЕТА НА ХАЛК БАНКА - СКОПЈЕ

    Конзистентноста на хармонизирањето на компонентата на деловното банкарство на национални и глобални рамки
    Халк банката, со целесообразноста на супериорните развојни нивоа на полињата базирани на долгорочно фундираниот позициониран развој на полето на деловното односно комерцијалното банкарство, на 26 март широко ги отвори портите за студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.

    Во присуство и со активно учество на директорот, Господин Турхан Адеми, инаку член на Советодавниот одбор на Економскиот факултет на УТМС, своја презентација пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент, имаше м-р Атила Селим, раководител на продажба на Халк Банката. Тој во своето исцрпно и сеопфатно излагање, на студентите на УТМС, со исклучително софистициран и дедуктивен пристап, им ја презентираше екстраполацијата на монетарните движења во Република Македонија, за потоа истата да ја инкорпорира низ системот на функционирањето на Халк банката, истовремено прикажувајќи го водењето на банкарскиот сектор во државата, од основањето, преку аквизицијата на Зираат банкаси, па се до перспективите и концепциите во идниот период.

    Студентите искажаа особен интерес и посветеност кон активностите на новите производи во банкарското работење на Халк банката, особено на полето на Кредитните картички, Pay-Pass можностите и Бонус програмите, при што наидоа на комплетно синергично и стручно обоено укажување за нивно вклучување во истите.

    Во рамките на оператиниот пристап, студентите, предводени од тимот на Халк банката, имаа можност, детално да ги согледаат активностите и на секторот за Корпоративни клиенти, како и на Главната филијала во Скопје.
    Во завршното обраќање, директорот Адеми се осврна на досегашната успешна кооперативност меѓу двете институции, нудејќи отворени можности за понатамошна соработка меѓу Универзитетот за туризам и менаџмент и Халк Банката, на полето на одвивање на студентската пракса, аплицирање во разнородни проекти и вработување, согласно политиките и концепциите на Банката.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај