НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА ВИЦЕГУВЕРНЕРОТ НА НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА М-Р АНИТА АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА

    Транспарентност на монетарната политика во функција на макроекономските проекции за Република Македонија

    Продолжувајки ја успешната супремација и транспарентност на стручните, научните и истражувачките активности, во рамките на соработката на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и Народната банка на Република Македонија, презентација пред студентите одржа М-р Анита Ангеловска-Бежоска, Вицегувернерка на НБРМ.

    Вицегувернерката Ангеловска-Бежовска пред студентите на УТМС говореше на повеќе теми, опфаќајќи ги областите на монетарната политика, истражување и статистика, која во своето исрпно излагање, ги опфатаи сегментите на процесот на макроекономски проекции и донесување на монетарни одлуки, кои сеодвиваат низ повеќе чекори. Тргнувајќи од дефинирањето на основните егзогени претпоставки на проекциите економскиот раст и инфлацијата на најзначајните трговски партнери, преку цените на примарните производи, па се до подготовката на проекциите за Република Македонија, односно нејзиниот економскиот раст, инфлацијата, платниот биланс и монетарниот сектор. Во опсегот на нејзината презентација се најде и подготовка на Кварталниот извештај со објаснување на клучните претпоставки, проекциите, отстапувањето во однос на претходниот циклус на проекции како и ризиците за проекциите.
    Според М-р Ангеловска-Бежоска, при креирањето на мaкроекономски проекции за 2014 -2015 година, како позиционирани се гледаат неколку аспекти, односно планот на инфлацијата, кој опфаќа забавување на инфлацијата во 2013 година на 2,9% и на околу 2% во периодот 2014-2015, потоа надолните притисоци од страна на понудата со оглед на доминантно надолни движења кај примарните производи, и секако постепеното зајакнување на притисоците од побарувачката согласно со очекувањата за постепеното затворање на производниот јаз.

    Во делот на планот на БДП, Вицегувернерката на Народната банка на Република Македонија го истакна умереното закрепнување на економијата во 2013 година и постепеното забрзување на растот во 2014 и 2015 година, како и побрзото затворање на негативниот производен јаз во првата половина на 2014, додека пак, на планот на тековната сметка, како особено важна ја посочи оценката за задржување на дефицитот на тековната сметка во 2013 година на ниво од 2012 и постепено влошување во 2014 и 2015 година. Секако, тука спаѓа и позначителното стеснување на трговското салдо во 2013 година како резултат на намалените увозни притисоци од енергијата, потоа благото проширување на трговското салдо во 2014 и 2015 година, при поизразени увозни притисоци од инвестициската и суровинската побарувачка и умереното намалување на учеството на приватните трансфери во БДП до 2015 година.

    Вицегувернерката на Народната Банка на Република Македонија, при својата презентација пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент се осврна и на планот на капиталните приливи, за кои го издвои делот по забавениот раст во 2013, по кој, како што рече, се очекува интензивирање на капиталните приливи во 2014 и 2015, односно странски директни инвестиции и надворешното задолжување на државата наменето исклучиво за инфраструктура. Во овој поглед Бежовска вели дека по намалувањето на девизните резерви во 2013 година се очекува нивно зголемување во 2014 и 2015 година, при што девизните резерви и натаму би се одржувале околу адекватното ниво.

    Во своите заклучни согледувања, гостинот-предавач на УТМС ги позиционира конечните проекции за престојниот период, односно, најновите движења, и споредбата со проекцијата и импликациите врз идниот циклус на проекции, за кои како што појасни на среден рок се очекува модел на раст, базиран на извозниот сегмент, што ќе има стимулативно влијание и кај домашната побарувачка, и секако движењата кај инфлацијата кои се очекува да бидат главно под влијание на фактори на страна на понудата, но во услови на забрзување на растот се очекува постепено затварање на негативниот јаз. На среден рок се очекуваат повидливи ефекти од СДИ преку стеснување на трговскиот дефицит дефицит, а со тоа и на дефицитот на тековната сметка, додека капиталните приливи се очекува да бидат доволни за покривање на дефицитот во тековната сметка и за обезбедување дополнителен раст на девизните резерви. Сепак, како посебен сегмент ја издвои чувствителноста на сценариото на евентуални промени во глобалниот економски амбиент, што како што потенцира, наметнува потреба од натамошно редовно следење на глобалните движења и флексибилност на монетарната политика.

    Огромното интересирање од страна на студентите резултираше и со отворената покана за одржување на нови презентации на теми од Монетарната и макроекономските теми, кое, од страна на Вицегувернерката, М-р Ангеловска-Бежоска со задоволство беше прифатено.

    Транспарентност на монетарната политика во функција на макроекономските проекции за Република Македонија.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај