РЕДОВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОДАВНИОТ ОДБОР НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УТМС

    ПРЕДЛОЗИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

    На Универзитетот за туризам и менаџмент на 18.02.2014 година се одржа редовната седница на Советодавниот одбор на Економскиот Факултет на УТМС, на која беа разгледани, разработени, усогласени и надградени исклучително сигнификантни содржини на досегашната, актуелната и проспективната позиционираност на Економскиот факултет и Универзитетот во целина.

    Меѓу останатото на редовната седница на Советот беше разгледувана годишна програма за работа на Советодавниот борд на Економскиот факултет, потоа предлог темите за клиничка настава, инкорпорирањето на студентската пракса во сите наставни програми, и секако темата за Докторски студии и проширување на областите на Магистериумот.

    Членовите на Советодавниот одбор Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент, кои на седницата присуствуваа во полн состав дадоа и свои предлози за унапредување на Универзитетот. Инаку членови на одборот се господинот Ванчо Каргов, Стевчо Јакимовски, Цвета Ристовска, Димитар Тодевски, Петар Гошев, Адеми Турхан, Свето Николовски, Зоран Нарашанов, Небојша Цветановски и Слободанка Алексовска.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај