„Статистикатa во туризмот и угостителството“
Универзитетот за туризам и менаџмент денес, (15.04.2014 година), потпиша Меморандум за соработка со Државниот завод за статистика, се со цел остварување на активности и цели од заеднички интерес помеѓу овие две институции.
Меморандумот, во присуство на студентите на УТМС и претставниците на ДЗС го потпишаа Директорот на Државниот Завод за статистика Д-р Благица Новковска и Деканот на Економскиот факултет, Проф. д-р Сашо Кожухаров.
Со меморандумот од страна на Заводот се овозможува вклучување на претставници од Универзитетот, во организирањето на заеднички конференции, симпозиуми, кратки курсеви и семинари, потоа соработка со Универзитетот во насока на реализација на заеднички договорени проекти, како и организирање на најмалку една посета по семестар, на Заводот, од страна на студентите на Универзитетот.
Во рамките на Меморандумот за соработка исто така се предвидува обезбедување на гости – предавачи во секој семестар, особено, во текот на една учебна година, обезбедување на пракса за студентите на Универзитетот, како и вклучување на претставници од Заводот во организирањето на заеднички конференции, симпозиуми, кратки курсеви и семинари.
По свеченото потпишување на Меморандумот, исклучително темелно и на највисоко ниво, апликативно предавање пред студентите одржа г-ѓа Мирјана Бошњак. Предавањето предизвика особен интерес и активен пристап кон студентите, кои со мошне умесни и стручно-технички прашања активно се вклучија во тематските содржини.
На крајот на срдечната средба, договорено е предавање од страна на д-р Новковска и тимот на ДЗС, кое ќе се одржи на 20.05.2014 година во амфитеатарот на УТМС.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/398-memorandum-za-sorabotka-pomegju-drzhavniot-zavod-za-statistika-i-univerzitetot-za-turizam-i-menadjment-vo-skopje#sigProIdcf5566daa3