“TOWARDS RECOVERY AND SUSTAINABLE GROWTH IN THE ALTERED GLOBAL ENVIRONMENT“
Во организација на Народната банка на Република Македонија, на 28 и 29 април се одржа Третата истражувачка конференција “TOWARDS RECOVERY AND SUSTAINABLE GROWTH IN THE ALTERED GLOBAL ENVIRONMENT“.
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, чиј претставник беше проф. д-р Сашо Кожухаров, зема активно учество во реализацијата и подигањето на, и онака, супериорното ниво на научните трудови во областите од Монетарната, Макроекономската и Фискалната сфера.
Конференцијата ја отвори Гувернерот на НБРМ, м-р Димитар Богов, а во главниот дел свои излагања имаа и д-р Ердем Башчи, Гувернер на Националната банка на Турција, г-ѓа Мартине Гергуи, заменик на директорот на Меѓународниот монетарен фонд за фискални работи, и д-р Филип Тарнер, заменик директор за Монетарни и економски односи на Банката за меѓународни порамнувања.
Во останатите сесии, беа третирани темите“Bank lending and Spillovers to the real sector “Private sector Behavior and Its Financial and Macroeconomic Impacts“, “Measuring and Assessing Financial Stability“,“Macroeconomic Issues in the Process of Global and Regional Recovery“, “Fiscal Consolidation and Public Debt Sustainability“,на кои учество земаа голем број на високо позиционирани личности од регионалните, Европските и светските институции и организации од овие области.
На маргините на конференцијата, во мошне конструктивна и непосредна атмосфера, беа остварени голем број на актино насочени средби во функција на инкорпорирање во наставно-научните активности на УТМС.