Токму оваа обврска се покажа за потполно исполнета во саботата во Универзалната сала во Скопје, каде на Свечена промоција им беа врачени дипломите на петтата генерација на дипломирани студени на прв циклус на студии и на третата генерација на магистрирани студенти на втор циклус на студии.
Дипломите на дипломираните студенти и магистри им ги врачи Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. д-р Аце Миленковски , пред кој свечено се заколнаа и обврзаа дека чесно и одговорно ќе ги извршуваат своите идни работни обврски.
Одржувајќи го последниот академски час Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски, во својата поздравна реч истакна дека овој Универзитет во континуитет секоја година успева да профилира стручен кадар во повеќе области, почнувајќи од туристичките и угостителските менаџери, преку маркетинг и економските, па се до менаџерите за односи со јавноста и човечки ресурси.
На свечената промоција на најдобрите студенти на прв и втор циклус на студии им беа доделени пригодни подароци, а за најдобри односно со титулата Summa Cum Laude се закитија Ангелина Стефковска-Маневска и Ивона Равлиќ, која обраќајќи се од името на сите дипломирани студенти истакна дека за неа претставувало чест да се биде студент на УТМС, бидејќи токму оваа институција на совршен начин ги спојувала теоријата и праксата. По нив следуваа Елена Ташева, Даниела Каровска, Андреа Иловски и Верица Митева.
За најдобар, пак студент од втор цилус на студии беа прогласени Билјана Проеска и Горан Апостоловски, кој во своето обраќање истакна дека за него најдобрата инвестиција што човек може да ја направи за себе е да вложи во своето образование. Со останатите титули односно Magna Cum Laude и Cum Laude се закитија Андреја Мачкиќ, Ангела Миленковска, Мери Ничкова, Весна Терзиоска, Веска Пецова, Јованка Колевска, Елена Крстевска, Гордана Стојановска и Наташа Мисовска.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/397-svechena-promocija-na-diplomirani-studenti-i-magistri#sigProId2f8a4477fc