На Конференцијата беа разработени поголем број актуелни и перспективни тематски содржини, како:
Клучните карактеристики на новиот развој на глобално ниво и во Европа, презентирано од проф. д-р Jonathan Bradley (West England University, UK);
Едукацијата за Новиот развој и можностите за кооперација меѓу едукативните системи на Балканот, презентирано од d-r Tauno Kekale,(VAMK University, Vaasa, Finland);
Примена на Развојните концепции на Балканската култура на истражување, презентирано од prof. d-r Jeffrey Levett, (National Institute Public Health, Athens, Greece);
Во разработката и дискусијата на повеќе од 20 теми беше истакната активната улога на младите кадри во функција на унапредувањето на целокупниот развој на науката и воопшто на целокупниот економски, социјален, техничко-технолошки, и комуниколошки раст и развој во 21-от век.