Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, во текот на овој месец одржа наставно-научен практикум во Аланија, Република Турција, на кој присуствуваа студенти од сите седум Факултети, кои функционираат во рамките на УТМС. Студентите за време на десет дневниот престој во Турција, беа координирани од наставниот кадар на овој Универзитет.
Главниот акцент од програмскиот дел на наставно-научниот практикум беше ставен на изведба на наставата, но истата конципирана на начин кој што е најефективен за студентите, се со цел да се добијат сознанија за Аланија и Турција како туристичка дестинација. Истовремено, на студентите им беа презентирани и повеќе практични сознанија за аспектите на хотелското работење, видено преку теоретска поставеност, односно пратична изведба и во конкретни просторно-функционални, техничко-технолошки и организационо-кадровски услови за работа во хотел.
Студентите од УТМС имаа и можност да ги забележат и активностите на хотелскиот маркетинг, преку предавањата на наставниот кадар на Универзитетот за туризам и менаџмент, но и преку предавањето на генаралниот менаџер на групацијата хотели First Class.
На предавањата беа опфатени неколку теми како „ Аспекти на хотелско работење“, при што токму за оваа тема беше организирана посета на хотелски департмани и практична настава за процесите на работа во хаускипинг, рецепција, храна и пијалоци (food and beverage) и департманите во хотелот. Потоа „Преговарање и стратегии на преговарање во продажбата”, „Креирање на производ и реализација на маркетинг миксот”, „Откривање на потребите на потрошувачите во процесот на продажбата”, „Аланија како туристичка дестинација”, и секако „Турција како туристичка дестинација”.
Гостин – предавач на наставната програма, на наставно-научниот практикум беше Генералниот директор на групацијата хотели First Class, Господин Јалчин, кој пред студенти од сите Факултети, изведе прадавање на тема „Практични аспекти на работењето на хотелот во сферата на продажбата, пазарни сегменти, маркетинг активности и кадри“.
Во делот на факултативните програми беше реализирана посета на производно- продажен салон на златен накит, со можност да се види процесот на рачна изработка на уникатни парчиња потоа базарот со домашни брендови, како и разглед на центарот на Аланија, односно автентичната чаршија. На крајот на наставно-научниот практикум студентите имаа можност за целодневно крстарење со брод, посета на ексклузивни хотели во областа Аланија, како Мукарнас, Гранада и Викинг хотелот.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/386-utms-na-nastavno-nauchen-praktikum-vo-turcija#sigProIdc5e702ae26