еминарот беше поделен во два дела, од кој во првиот дел се говореше за квалитет на услуги, клучни стандарди со финансирање и сметководство, потоа продажба, маркетинг, цени и контрола на трошоци, додека во вториот дел учесниците на семинарот расправаана темата „Задоволување на меѓународните клиенти (SQ2)“.
Семинарот го отвори проф. д-р Жарко Ристиќ, Ректор на Универзитетот за Деловни студии, и академик Проф. д-р Марија Кнежевиќ, Декан на Факултет за туризам и хотелиерство во Бања Лука, додека во улога на предавачи - цертификатори беа Д-р Elizabeth B. Ineson и Adrian Barsby од Manchester metropolitan University, UK.
На семинарот учествуваа претставници од шест земји, и се работеше во пленарни сесии, на неколку теми меѓу кои „Меѓународно однесување на потрошувачите“, „Структурата на успешните претпријатија во малиот бизнис“, „Чувството за просторност во бизнисот“, „Прв впечаток и клучни стандарди“, „Идентитет и градење на брендот“, како и „Мерење на квалитетот на услугите“.
Во текот и по завршувањето на семинарот, преставниците на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје реализираа повеќе средби на високо ниво, на кои беа договорени активности за воспоставување, унапредување и развој на меѓусебната соработка на научен и образовен план во кој спаѓаат и докторските студии. Разговорите се водеа со Проф. Д-р Жарко Ристиќ, Ректор на Универзитетот за Деловни студии во Бања Лука, Бијелина и Источно Сарајево, потоа Акдемик Проф. Д-р Марија Кнежевиќ, Декан на Факултет за туризам и хотелиерство во Бања Лука, Д-р Elizabeth B. Ineson и Adrian Barsby од Manchester metropolitan University, UK, Доц. Д-р Борислав Бијелиќ, Декан на Факултет за применета економија во Бања Лука, Доц. Д-р Билјана Бараковиќ, Декан на Факултет за деловни финансии и финансиски студии во Бања Лука, Проф. Д-р Милорад Балабан, Директор на Научно-истражувачкиот институт на Универзитетот за деловни студии, Доц. Д-р Марија Мандариќ, Декан на факултетот за туризам и хотелиерство во Врњачка бања на Универзитетот во Крагуевац, и Проф. Д-р Михаил Андаренко, Продекан на Економскиот факултет во Белград.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/384-utms-na-seminar-za-kvalitet-na-uslugi-vo-banja-luka#sigProId920dfda0d5