На конференцијата беше забележано присуство на еминентни учесници, меѓу кои корифејот на Економијата во туризмот, Проф. Д-р Слободан Унковиќ, потоа Академик, Даниела Шили од Дунавскиот компетитивен центар од Виена, Проф. Д-р Синиша Зариќ од Економскиот факултет во Београд, Проф. Д-р Галамбоси Фригзес од Универзитетот за технологија и економија од Будимпешта, и Проректорот за наука и развој на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје Проф. Д-р Сашо Кожухаров.
Во рамките на општествено-одговорните односи на Универзитетот на конференцијата земаа учество и Доц. Д-р Сашко Граматниковски и Проф. Д-р Александра Стоилковска.
Професорот Кожухаров на Конференцијата свое излагање имаше на пленарната сесија, каде ја презентираше темата „Опортунитетни трошоци на финансирањето на промотивните активности во туризмот на Република Македонија“.