УТМС НА СЕДНИЦА НА КЛУБОТ НА ИСТРАЖУВАЧИ НА НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Студентите на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент, заедно Деканот на факултетот и Проректор за наука и развој, Проф. д-р Сашо Кожухаров, на 11.12.2014 година учествуваа на Седницата на клубот на истражувачи на Народната банка на Македонија.

    На седницата беа разработени темите „Индекси за мерење на финансиската стабилност" од авторот Елена Мучева-Михајловска и „Пост-кризно забавување на кредитната активност во ЈИЕ „Враќање во нормала" (Post Crisis Credit Slow-Down in SEE-Return to Normality) од авторите Бранимир Јовановиќ, Егзона Хани и Љупка Георгиевска.

    По завршувањето на седницата, студентите имаа средба со Гувернерот на Народната банка на Македонија, м-р Димитар Богов, како и со Вицегувернерката м-р Анита Ангеловска-Бежоска, со кои договорија гостување со одржување на стручно предавање на темата Економскиот развој на Република Македонија.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај