УТМС НА 16ТА СЕСИЈА НА КЛУБОТ НА ИСТРАЖУВАЧИ ОРГАНИЗИРАН ОД НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    На оваа 16та по ред сесија на клубот на истражувачи беа презентирани два труда од областа на економијата со наслов: „Wage and Price Settings in Macedonia: Evidence from Survey Data" чии автори се Гани Рамадани и Никола Наумовски и "The Cyclical Character and Determinants of Fiscal Policy in Old, New and Prospective EU Member States" чиј автор: е Рилинд Кабаши.

    Презентирањето на трудовите го започна господинот Гани Рамадани кој посочи дека неговиот труд со наслов: „Wage and Price Settings in Macedonia: Evidence from Survey Data" претставува истражување за врската помеѓу платите и цените во Република Македонија и како кризата влијаела врз активностите на фирмите. Притоа тој наведе дека главната цел на неговиот труд е насочена кон идентификување на релевантни каракеристики за платите и цените во Република Македонија, врската помеѓу нив и што би се случило доколку се појават непланирани токови во економијата. По неговото завршување, со презентирање настапи господинот Рилинд Кабаши, кој посочи дека неговиот труд со наслов "The Cyclical Character and Determinants of Fiscal Policy in Old, New and Prospective EU Member States" има три цели и тоа: да се анализира емпириски цикличниот карактер на фискалната политика во старите, новите и потенцијалните земји членки на ЕУ, да се истражат дополнителни детерминанти во цикличната економија и да се најдат разликите во детерминантите во цикличната економија.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај