Значењето на осигурувањето
Највисоките и најсовремените текови на осигурителната мезоекономија, како и улогата и значењето на Осигурувањето и реосигурувањето во стопанството, беше темата која пред постдипломците на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, ја разработи д-р Александар Николовски, член на бордот на Винер осигурување ад Скопје, на 19.11.2014 година.
Со ова предавање продолжуваат активностите на планот на вклучување на врвни експерти и стопанственици од примарниот, секундарниот и терцијарниот сектор (мезоекономија) од Република Македонија и пошироко, во програмите и плановите на наставно-научниот процес на УТМС.