ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

    На 30.05.2017 година во просториите на УТМС се одржа редовна седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет кој функционира во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

    Во отсуство на претседателот на бордот, г-дин Ванчо Каргов висок претставник во Светстката трговска организација, седницата ја отвори и ја водеше деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Сашо Кожухаров. Согласно дневниот ред беше отворена дискусија по неколку значајни прашања за унапредување и понатамошен напредок на факултетот.

    Сите членови на Одборот активно учествуваа на седницата и дискутираа за предлози за годишна програма за работа на Одборот, развој на стратегија на УТМС и Економскиот факултет, разгледуваа предлог - теми за клиничка настава, предложија можности за взаемни проекти и склучување договори во насока на зајакнување на меѓусебната соработка меѓу факултетот и бизнис секторот.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај