Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје за најдобрите студенти обезбеди можности за глобален професионален и академски развој. Извонредната меѓународна соработка и приоритетната фокусираност на наградување и поттикнување на можноста за меѓународна компетитивна етаблираност, на најдобрите студенти им овозможи вклучување во еднонеделна МВА едукативна програма на тема: „Лидерство и организациско однесување” на престижниот Maastricht School of Management во Холандија.
Програмата која е наменета за врвни студенти од целиот свет, Maastricht School of Management, се реализира од 12-ти до 16-ти Јуни, 2017 година.
Од Економскиот факултет како дел од оваа програма на престижниот MAASTRICHT SCHOOL OF MANAGEMENT во Холандија присутвуваа студентите: Стефан Ристовски и Синиша Китановски, студенти на втор циклус на студии.
Покрај предавањата од врвни професори од универзитетот, студентите имаа можност за посета на глобални и водечки компании во Холандија.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/336-maastricht-school-of-management#sigProId8f11347250