Во функција на перманентна соработка и поддршка на студентите на Економскиот факултет на УТМС се одржаа родителски средби за студентите од прва, втора и трета година студии. Состанокот го отвори и го водеше деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Сашо Кожухаров, а присуствуваа и продеканот за настава на Економскиот факултет проф. д-р Јулијана Ангеловска, асистентите Јаника Карапеткова и Стефан Ристовски. На состанокот беше разговарано за резултатите од полагањата на колоквиумите во пролетниот семестар, планот за реализација на клиничката настава, можноста за студии во странство преку Еразмус+ програмата, изработката и одбраната на дипломските работи како и за завршната студентска забава во организација на студентите на УТМС. Во иницираната дискусија по секоја од точките на дневниот ред родителите го искажаа задовоството од воспоставената практика за одржување на родителски средби, од поддршката што вработените им ја даваат на студентите за сите активности поврзани со студирањето како и посветеноста на академскиот кадар за постигнување на високи резултати и стекнување на компетенции кои студентите ги профилираат како високо конкурентни на пазарот на трудот.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/339-na-ekonomskiot-fakultet-na-utms-se-odrzhaa-roditelski-sredbi-za-studentite-od-prva-vtora-i-treta-godina-studii#sigProIdfd107ef19f