Во рамките на активните политики на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 20.09.2017 година со почеток во 11:45 часот, беше одржана првата наставна, координативно-консултативна средба.
На средбата присуствуваа студентите од прва година од Економски факултет, како и професорите: проф. д-р Јулијана Ангеловска, доц. д-р Благица Новковска, како и систем администраторот на УТМС, Горан Каровски.
Присутните ги поздрави проректорот за настава, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, а состанокот го водеше деканот, проф. д-р Сашо Кожухаров.
На првата наставна, координативно-консултативна средба студентите од прва година беа запознаени со пристапот и содржината на е-студент со практичен приказ. Исто така им беше укажано на нивните обврски според методологијата на УТМС, за редовност, активност, семинарски трудови, презентации и есеи. Беа разгледани и распоредите кои се поставени на е-студент за семинарски работи и тоа теми и термини за презентација. Студентите беа информирани и за настаните кои следуваа, и тоа свеченото обраќање на ректорот на УТМС , проф. д-р Аце Миленковски, на студентите од прва година, предавање на амбасадорот на Република Хрватска пред студентите на УТМС. Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје е единствена придружна членка на Светската туристичка организација (UNWTO) од Република Македонија. Студентите беа поканети исто така да земат активно учество на забавата која во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот, Универзитетот за туризам и менаџмент во партнерство со Qatar Airwaysја ја организира на 27.09.2017 година.
Во рамките на воспоставената пракса за избор на претставници на студентите во студентскиот сенат од прва година на Економскиот факултет на УТМС, на средбата студентите за претседател ја избраа студентката Симона Јозиќ (индекс бр. 71086), а за секретар, Ива Кацарска (индекс бр. 71084).