На Универзитетот за туризам и менаџмент се одржа првиот час во новата академска 2017/18 година. На сите студенти од прва година им се обрати проеркторот за настава проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски и им посака топло добредојде. Тој ги запозна студентите со методологијата на работа, условите за студирање, можностите за практична работа, меѓународна размена на студентите и препознатливост на дипломата во странство. Проректорот за настава им ги нагласи клучните задолженија и обврски на студентите и им ги претстави деканите на Факултетите, кои ги доделија индексите на студентите во прва година. Деканот на Економскиот факултет проф. д-р Сашо Кожухаров, ги додели индексите на новозапишаните студенти на Факултетот и им посака успешна година со желби за големи успеси и остварување на своите амбиции со крајна цел – посакувано вработување.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/333-2017-18#sigProIde707026208