Согласно методологијата на студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 16. 10. 2017 година, проф. д-р Сашо Кожухаров и асс. м-р Александар Стојановски, одржаа обука и практични вежби поврзани со изработка, доставување и презентирање на семинарски трудови и презентации, како и за пишување есеи. Во рамките на обуката беа демонстрирани примери за унапредување на познавањата од Word и Excel.
Студентите беа активно вклучени во обуката и имаа можност да го научат системот на следење и вреднување на знаењата во функција на постигнување високи резултати.