На 26.04.2018 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа конференцијата под наслов: „Работи локално, делувај национално, размислувај глобално” во организација на Центар за економски политики, анализи и консалтинг, ЦЕПАК, спонзорирана од НАТО и Директоратот за јавна дипломатија.
Целта на конференцијата беше информирање за тоа што значи да се биде членка на НАТО и придобивките на нашата земја ако станеме дел од НАТО. Предавачи на семинарот беа високи функционери, поранешни и сегашни еминентни гости меѓу кои: проф. д-р Стево Пендаровски, главен координатор за НАТО на Република Македонија, Генерал Мирослав Стојановски (поранешен НГШ на АРМ) и советник на министерот за одбрана на Република Макеоднија, претставници на НАТО од Брисел, искусни луѓе од оваа област. Свое излагање за Развиени комуникации во процесот на пренесување на вистински информации/факти за НАТО на локално ниво, имаше доц. д-р Валентина Муцунска Палевска од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
На конференцијата беа присутни и студентите од Економскиот факултет на Универетот за туризам и менаџмент што придонесе студентите да добијат директни информации за економските придобивки од влезот во НАТО Алијансата. Тие се здобија со знаења за соработката на НАТО како и што значи политиката на отворени врати на НАТО. На Конференцијата студентите од Економскиот факултет на УТМС активно се вклучија во дискусија на панелот.