СТУДЕНТИТЕ НА УТМС НА ИНСТРУКТИВНА, КОНСУЛТАТИВНО - МАРКЕТИНШКА ПОСЕТА НА „ТЕЛЕКОМ”

    Согласно Годишната програма за работа на УТМС, во функција на стекнување апликативни знаења, студентите реализираа исклучително успешна координативна посета во „Телеком” на Р. Македонија.

    Во Новиот деловен центар на „Телеком”, во прекрасен амбиент, по обраќањето на г-ѓа Соња Каргова, пред студентите свои излагања имаа: Г-ѓа Наталија Беќароска и г-ѓа Станче Панова од Секторот за човечки ресурси, г-дин Игор Габров, г-дин Никола Попов и г-ѓа Катерина Тренеска од Секторот за контролинг, како и г-ѓа Јулијана Тиквешанска од Секторот за маркетинг.

    Студентите се запознаа со методологијата на функционирање, планирање, анализа и контрола во сите сегменти на функционирање на „Телеком”, особено во делот на консолидирње и споделување на делувањето во таргетираните цели и систематизирање на профитниот концепт и концептот на задоволство на клиентите.

    Посетата беше од извонредно значење за студентите кои имаа можност теориските знаења да ги препознаат во реални деловни активности.

     

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај