Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје потпиша меморандум за соработка со компанијата „Урбан инвест“, која веќе 22 години успешно функционира на домашниот и регионалниот пазар.
Соработката ќе се темели на обука и на едукација на најразлично ниво за вработените на „Урбан инвест“, како и на размена на искуства меѓу двете страни. Ректорот на УТМС, Аце Миленковски, на официјалното потпишување на документот во просториите на Универзитетот, изрази големо задоволство од идната соработка со една од најуспешните компании во земјата. Миленковски, во оваа прилика, додели една стипендија за студии на Универзитетот, што може да ја искористи вработен во „Урбан Инвест“. Стипендија и беше доделена и на еколошката организација „Еко живот“. Признанието на „Урбан Инвест“ за супербренд, според генералниот директор Јован Грков, е потврда за успешниот развој, квалитет и достигнувања како одговорна општествена компанија. Меморандумот за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е пред се, за размена на искуства, со цел уште повеќе да го унапредиме нашето успешно работење, секој во својата област, рече Грков. Активно се вклучуваме и во реализирањето на активностите на компанијата „Еко живот“ од Кавадарци, како нивни спонзори, со што „Урбан инвест“ добива и поинаква димензија вели Грков, кој заедно со „Еко живот“ најави еднаш во месецот протести против работата на фабриката „Фени“, како најголем активен загадувач во Кавадарци.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/521-utms-i-urban-invest-sorabotka-na-dva-uspeshni-brenda#sigProId65ad269e09