МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ АКТИВНОСТИ И ЗАКОНОДАВСТВОТО

    Предаванње на европски експерт на УТМС, за прилагодување на македонската царина и царинско работење со легислативата на Европската Унијa
    Во рамките на концепциите за развој и подигање на нивото кон најсовремените наставно-научни и практичните знаења, вештини и компетенции на студентите и наставниците, на 22.02.2011 година, УТМС, во соработка со Царинската управа на Република Македонија, организираше презентација за прилагодување на македонското законодавство во областа на царината со правилата на Европската Унија.

    Предавач беше г. Јарослав Иле (Чешка Ребуплика), експерт на ЕУ за усогласување на легислативата од областа на Царината и ракоидовтел на тимот за модернизација на Царината во Република Македонија.

    Презентацијата се одржа во амфитеатарот на УТМС, во присуство на студентите од сите факултети и професори.

    Студентите имаа исклучителна можност експертски да се информираат за досегашните поставки, отворените прашања од оваа круцијална претпоставка кон Европските законодавства и нејзините концепциски осовременувања и долгорочни цели, во функција на Системот на меѓународните движења во меѓународниот бизнис во сите сфери на деловни и неделовни активности.

    Предавачот, г. Јарослав Иле, го истакна задоволството од можноста на презентирање на трендовските определби и развојни правци пред студентите на УТМС, со апострофирање на можностите и капацитетската подготвеност на студентите и професорите на УТМС за вклучување во идните ИПА –проекти, наменети за областите од академските програми на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје.

    МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ АКТИВНОСТИ И ЗАКОНОДАВСТВО МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ АКТИВНОСТИ И ЗАКОНОДАВСТВО

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај