УТМС ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ „МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР“

    Донација за развој на културата, образованието, забавата и спортот

    Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје заедно со „Техномаркет“ какво донатори, активно се вклучија во најновиот проект на Град Скопје „Младински информативен Центар“. Проектот предвидува поставување на плазма телевизори во сите средни училишта во главниот град, на кој ќе се емитуваат најновите содржини од областа на културата, уметноста и спортот.

    Средното училиште „Ѓорѓи Димитров“ беше првото, во кое денес беше поставен плазма телевизор, во присуство на преставници од Универзитетот за туризам и менаџмент, Универзална сала, и „Техномаркет“.

    Проектот кој има за цел да ги информира учениците е насловен како „МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР“ и има за цел да ги интегрира и рекламира сите настани од областа на културата, уметноста и спортот во организација на националните и градски институции, како и да ги инволвира, едуцира и информира учениците за значењето и придобивките од уметноста и културата.
    „Сметаме дека на овој начин, ги поттикнуваме средношколците да бидат активни чинители на сите значајни настани, и да дадат свој придонес во развојот на културата и промоцијата на нашата земја, потенцира Генералниот Секретар на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Зоран Ѓорѓески, при тоа истакнувајќи го образованието како особено значаен сегмент во развојот на личноста.

    За директорката на Универзалната сала од Скопје г-ѓа Вера Бошковска овој проект е одлична можност за навремена информација, бидејќи како што рече, во текот на годините сме биле сведоци на бројни ексклузивни настани од овие области, за кои од најразлични причини средношколската публика, немала соодветна и навремена информација.

    Проект има за цел од една страна да ги промовира сите значајни настани од областа на културата, уметноста, спортот и забавата кои се случуваат во нашиот град, а од друга страна да ги инволвира средношколците во истите настани, но и како директни организатори на дел од нив, со што ќе се придонесе за развој на свеста кај средношколците за активно следење на настаните. Во оваа насока се движеше и изјавата на Марија Ристовска, маркетинг директор на „Техномаркет“, која потенцираше дека за да си лидер на пазарот, треба да си и општествено одговорна компанија, која знае да ги препознае вистинските вредности во проектите од културата и уметноста.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај