THE MAJESTIC FIVE CONTINENTS AWARD FOR QUALITY AND EXCELLENCE“ и „TOTAL QUALITY MANAGEMENT APTITUDE SEAL FOR HIGH QUALITY PERFORMANCE AND BEST CUSTOMER SATISFACTION“
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е добитник на две престижни награди во областа на менаџментот, што ги доделува светски признатата Асоцијација за Менаџмент и консалтинг „Other Ways“ од Париз, Република Франција. Доделувањето на наградите се случи во Женева на 18-ти ноември 2013 година во „Grand Hotel Kempinsky“, каде на Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски му беа доделени двете награди, кои го потврдуваат квалитетот и престижот на оваа институција во светски рамки, односно „THE MAJESTIC FIVE CONTINENTS AWARD FOR QUALITY AND EXCELLENCE“ и „TOTAL QUALITY MANAGEMENT APTITUDE SEAL FOR HIGH QUALITY PERFORMANCE AND BEST CUSTOMER SATISFACTION“.
За време на гала вечерата, пред дипломатски претставници и присутни медиуми беше одржана свечена церемонијата за доделување на награди и сертификати на веќе одбраните компании од целиот свет. Менаџерите на компаниите добија награди како признание за нивните достигнувања во ширењето на културата и нивната заложба за квалитет и тежнеење кон совршенство. На оваа церемонијата која носеше наслов „Majestic Five Continents Awards“, наградите и сертификатите им беа доделени на околу 50-тина компании од целиот свет.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/514-utms-dobitnik-na-prestizhna-svetska-nagrada#sigProIdb8a8af53f0