Разговори за соработка на УТМС со Солунскиот Универзитет
Делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, денес во Стопанската комора на Македонија присуствуваше на заедничката средба што ја организираше Економско-трговското одделение при Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија во соработка со Комората. Средбата ја отворија претседателот на Стопанската комора на Република Македонија Бранко Азески и градоначалниците на Солун и Скопје, Јанис Бутарис и Коце Трајановски, кои во своите излагања ја потенцираа потребата од одржување на вакви средби, се со цел унапредување на билатералната соработка на македонските и грчките бизнисмени.
Токму во таа насока на средбата на која присуствуваа преставници од стотина грчки и седумдесттина македонски компании, беа презентирани можностите што ги нуди градот Солун, тргнувајќи од хотелските капацитети, преку туристичките агенции, па се до новите услуги што ги дава солунското пристаниште.
Делегацијата на Универзитетот за туризам и менаџмент на оваа средба, покрај тоа што имаше можност да се запознае со туристичките капацитети на Република Македонија и секако да реализира поблиска соработка со некоја од туристичките агенции, реализира средба и со претставниците на Интернационалниот Грчки Универзитет од Солун, кои исто така беа дел од делегацијата на градоначалникот Бутарис.
На средбата меѓу претставникот на солунскиот Универзитет г-дин Јанис Констас и Деканот на Факултетот за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Доц. Д-р Сашко Граматниковски, беа разгледани можностите за соработка меѓу овие два Универзитета.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/511-utms-na-sredba-vo-stopanskata-komora-na-makedonija#sigProId486fbe2e26