Членот на Советодавниот борд на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, директорот на „Интер Европа логистик“ од Скопје, М-р Небојша Цветановски, во придружба на регионалниот менаџер на холдингот „Интер Европа Словенија“ за Источна и Југоисточна Европа, М-р Андреј Кариш од Република Словенија на ден 17.12.2013 година одржаа предавање пред постдипломците од Економскиот факултет на УТМС, на темата „Современи трендови во шпедицијата- од шпедиција до логистичка мезоекономија“.
Предавањето беше одржано во рамките на предметот „Микро, мезо и макро економија“, што е дел од наставната програма на Екононмскиот факултет, при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Инаку, вредно е да се напомене дека видните предвачи магистрираа во втората генерација на постдипломци на Економскиот факултет на УТМС.