ТРАДИЦИОНАЛНО УЧЕСТВО НА СТУДЕНТИТЕ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УТМС НА СЕДНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ИСТРАЖУВАЧИТЕ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Студентите на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, согласно програмата за соработка и подигањето на научно-стручното ниво во областа на Монетарната економија и Банкарството, на 19.12.2013 година, земаа активно учество на 11-тата седница на Советот на истражувачите на Народната банка на Република Македонија. Тематските содржини беа насочени кон согледувањата врзани за Fiscal and Monetary Policy Effects in South Eastern European Economies“ презентирана од Горан Петревски, Јане Богоев и Драган Тевдовски и „Increasing labour market activity of poor and female- Let’s make work pay in Macedonia“ презентирана од Никица Мојсоска Блажевски, Марјан Петрески и Деспина Петреска.

    По завршувањето на седницата, студентите имаа можност да се консултираат за областа и со Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, м-р Димитар Богов, со кого, во оваа прилика, беше договорено предавање на УТМС на почетокот на наредната година.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај