СТУДЕНТИТЕ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УТМС ВО ПОСЕТА НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    АКТИВНОСТИ ВО ФУНКЦИЈА НА ПОДИГАЊЕ НА НИВОТО НА ЗНАЕЊА, ВЕШТИНИ И КОМПЕТЕНЦИИ

    Согласно програмираните активности на планот на Оперативноста на активностите во функција на подигање на нивото на знаења, вештини и компетенции на студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент на 25.02.2014 година, во организација на Економскиот факултет, се реализира редовната работна средба на студентите во Народната банка на Република Македонија.

    Студентите, со голем интерес, активно и компетентно земаа учество во запознавањето и надградбата со активностите на Народната Банка на Република Македонија, во функција на реализирањето на макроекономската политика на државата, особено на долгорочна основа.

    Студентите од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент, исто така го посетија и Музејот на НБРМ, кој инаку е еден од најелоквентните во Европа каде, по повод 20 годишнината од Монетарната самостојност на Република Македонија, во соработка и презентација со кустост Маја Хаџиманева, беа исцрпно и на највисоко ниво, запознаени со поставката „Македонски книжни и ковани пари“ , како и постојаната експозиција за историјатот и развојот на парите низ милениумите на развојот во монетарната сфера на Македонските простори.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај