НА УТМС ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ М-Р ЕЛИЗАБЕТА ЧИНГАРОВСКА

    Значењето на хартиите од вредност и портфолио менаџментот
    Во рамките на програмата на Универзитетот за туризам и менаџмент, за повикување на гости-предавачи, кои пред присутните, презентираат дел од своето знаење од областа во која што се експерти, на 26.02. 2012 година пред редовните студенти и постдипломците од Економскиот факултет при УТМС, свое предавање одржа претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Елизабета Чингаровска. Темата на која претседателката на КХВ одлучи да говори беше “Хартиите од вредност и портфолио менаџментот“, што предизвика големо внимание кај присутните студенти од УТМС.

    Гостинот-предавач најнапред го престави Деканот на Економскиот факултет Проф. Д-р Сашо Кожухаров и Проректорот за меѓународна соработка Проф. Д-р Зоран Ивановски, по што следуваше презентација за работата на оваа институција, која е од особено значење за Република Македонија.

    Претседателката Чингаровска во своето излагање, покрај тоа што се задржа на преставувањето на работата и методологијата на Комисијата за хартии од вредност, пред присутните студенти говореше и за берзанските активности и развојот на инвестициските фондови, што се предулов за потполно разбирање и воочување на работата на оваа институција.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај