ЛЕТЕН СТУДЕНТСКИ ПРАКТИКУМ ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА
Продолжува соработката на УТМС со Job Trust, Консалтинг компанија за човечки ресурси од Солун, на полето на студентскиот практикум.
Консалтинг агенцијата за човечки ресурси „Job Trust“ од Солун Република Грција, традиционално и оваа година оствари средба со Центарот за кариера и обука при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје. Целта на оваа нивна посета беше можноста за реализација за обавување на студентски практикум во хотели од висока категорија во Република Грција, за чија цел разговаа м-р Марина Стојмирова како преставник на Центарот за кариера и обука од УТМС и г-ѓа Андреа Балан од „Job Trust“.
Интервјуто со студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје го правеше г-ѓа Балан, која најнапред ја презентираше програмата за студентскиот практикум, која опфати претставување на можностите и условите за аплицирање, потоа начинот за обезбедување на потребната документација за вадење на таканаречената „Д виза“ односно тренинг студентската виза и секако регионите во кои се наоѓаат дел од хотелите каде ќе се обавува практикумот.
Во рамките на преставувањето г-ѓа Балан ги запозна студентите од УТМС и со исполнувањето на предусловите и задачите, кои ги имаат сите сите работни позиции, и секако условите за престој во хотелите, но и времетраењето на практикумот, работните часови и денови, висината на основната плата, и дополнителните бонуси за успешно реализиран практикум.
Целта на интервјуто всушност беше согледување на афинитетите и мотивираноста на студентите кон одредени работни позиции, нивната подготвеноста за совладувањето на обврските на избраните позиции од страна на студентите, преку досегашното стекнато работно искуство, како и нивото на познавање на странски јазици, пред се англискиот јазик.
Заклучните согледувања од интервјуто, беше темата на разговор на на г-ѓа Балан со директорот за човечки ресурси на УТМС, м-р Јово Ратковиќ, на која беа разменети искуствата во областа на летниот студентски практикум, како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Универзитетот за туризам и менаџмент и „Job Trust“.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/501-konsalting-agencijata-za-chovechki-resursi-job-trust-od-solun-gi-intervjuirashe-studentite-na-utms#sigProIdff74b7bb55