Оперативен план за активни мерки и програми за вработување – 2014 година
Во рамките на реализацијата на Програмата на запознавање, приближување, надградување и практично искористување на досегашните и новите функционални можности кои стојат пред младите, исцрпно и целесообразно презентирање пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, одржа директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија-Скопје, м-р Слободанка Алексовска.
Директорката Алексовска која беше придружувана од координаторот на Секторот за услуги за поддршка за вработување Павлина Костовска-Грујоска, во своето предавање низ еден приемчив, позициониран и развоен модус, со интерактивност од страна на студентите, се задржа на “најгорливите“ прашања, во функција на активизирање на мерките на Владата на макро, мезо и микро ниво.
Предавањето ги опфати пред се мерките на Владата за вработување, односно Национална стратегија за вработување на Република Македонија до 2015 година, потоа Националниот акционен план за вработување во периодот од 2011 до 2013 година, како и Акцискиот план за вработување на млади до 2015 година, во кој инаку се дефинирани сите активни мерки и програми, предвидени со Програмата за работа на Владата на Република Македонија.
Сепак, во конгломератот на мерките за вработување, презентирани од м-р Алексовска, најголема контокорентност предизвика Програмата за самовработување, финансиската поддршка за правни субјекти, во кои се опфатени мали и средни претпријатија и занаетчии, за отворање на нови работни места, и секако пред се субвенционирањето воопшто при вработување, но и субвенционирањето на вработување на деца без родители, на млади лица до 29 годиини, кои за прв пат добиваат шанса за вработување, и Пилот Програмата за сувенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште.
Во Програмите за подготовка за вработување како значајно директорката на Агенцијата за вработување од Скопје, Алексовска ги напомена и обуките кај познат работодавач со субвенционирање, потоа обуката за задоволување на побаруваните занимања на пазарот, за напредни ИТ вештини, практиканството (практичната работа) едукацијата за започнување на бизнис, и општинско – корисната работа. Во сферата, пак, на дополнителните мерки на Владата кои се реализираат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, во предавањето беа издвоени програма за Самовработување со кредитирање, и програма за Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места.
Инаку предавањето на УТМС на м-р Алексовска се одржа во рамките на програмата на Универзитетот за туризам и менаџмент, за повикување на гости-предавачи, кои пред присутните, презентираат дел од своето знаење од областа во која што се експерти.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/498-na-utms-predavanje-odrzha-direktorkata-na-agencijata-za-vrabotuvanje-od-skopje-m-r-slobodanka-aleksovska#sigProId033b1eedfb