ДЕВИЗНИОТ КУРС НА ДЕНАРОТ Е РЕАЛЕН

    Гостин предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент, беше, М-р Весна Контраденко, помошник на гувернерот за макроекономија и финансии, при Народната банка на Република Македонија, која пред присутните студенти од Економскиот факултет, говореше на тема “Организација на меѓубанкарскиот девизен пазар во НБРМ“, со посебен акцент на платформата за електронско тргнување.

    Девизниот пазар е пазар кој обезбедува средства за реализација на меѓународни плаќања, канализирање на движењето на девизите помеѓу субјектите во економијата, односно помеѓу купувачите и продавачите, и секако механизам преку кој многу централни банки ги остваруваат целите на монетарната политика. Вака го започна своето предавање гостинката од Народната банка на Република Македонија, г-ѓа Контраденко која во продолжение се задржа на неколку точки меѓу кои организација на девизниот пазар, односно eлектронската платформа на тргувањето со девизи, потоа задолжителното поставување на котации за евра, минималниот износ за котации и извршување трансакции, максималниот распон помеѓу куповниот и продажниот курс, позицијата на банките како поддржувачи на девизниот пазар, и секако за учество на Народната банка во девизниот пазар.

    Г-ѓа Контраденко, која во своето излагање беше мошне темелна, на студентите од Економскиот факултет, при Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје им објасни на кој начин се остварува тргувањето преку воспоставената платформа за електронско тргување, односно начинот на кој се поднесува, или упатува на барањето за трансакција, купопродажбата на девизи, и формирањето на курсна листа.

    Посебен акцент во предавањето на преставикот од Народната банка на Република Македонија беше ставен на потребата за развој на меѓубанкарскиот девизен пазар во Македонија поради постигнување на конкуренција на пазарот, ефикасна алокација на девизите од сегментите со вишок кон сегментите со недостиг, потоа потреба од пообјективно формирање на курсот на денарот, следење на понудата и побарувачката за девизи, како и надминување на неизвесноста при обезбедување на девизи од страна на пазарните учесници.

    Своето излагање г-ѓа Контраденко го заврши со констатацијата дека Република Македонија применува монетарна стратегија на одржување на де факто фиксен девизен курс на денарот, со што, како што рече се ограничува ефектот на флуктуациите на девизните курсеви врз домашните цени и очекувањата на домашните економски субјекти. Основната придобивка од де факто фиксниот девизен курс, е одржувањето на ценовната стабилност, односно ниската стапка на инфлација. Во Република Македонија девизниот курс на денарот е реален, а побарувачката и понудата за девизи на пазарот се во рамнотежа, додека интервенциите на Народната банка се мошне ретки, потенцираше г-ѓа Контраденко.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај