Тематската содржина на конференцијата беше посветена на професионалната едукација во туризмот, и хотелиерството, а на пленарната сесија свои презентации имаа Проф. Д-р Роб Дејвидсон, од Универзитетот во Гринич, Велика Британија, на тема „Rob Davison“, потоа Ентони Хајд, Генерален директор на Барбикан бизнис настани, Лондон, Велика Британија, како и Матиас Шулзе, менаџер на Германското конвенциско биро.
Покрај активното учество во работата на панел сесиите и заклучните согледувања, претставниците на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје Проф. Д-р Мијалче Георгиевски, Проф. Д-р Сашо Кожухаров и Проф. д-р Зоран Ивановски остварија и голем број на средби, при што разменија активни предлози и договори во правец на унапредување на развојот и проширувањето на полето на научните и меѓународните активности на УТМС.