Координаторот на постдпломските студии на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и Декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, проф. д-р Александра Стоилковска, на ден 28.03.2015 година одржа информативно инструкциски состанок за оперативна подготовка и изработка на магистерски труд.
На состанокот беа присутни студенти на втор циклус постдипломски студии на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Факултететот за менаџмент, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент и Факултетот за туризам.
Освен запознавање со условите и постапката за пријавување на магистерска тема и определување на ментор, студентите беа запознати со методолошкиот начин и пропозициите за изработка на магистерски труд. Вниманието со кое го гледеа обраќањето на проф. Стоилковска, дискусијата која ја развиваа со цел да си ја олеснат изработката на магистерскиот труд ветува дека ќе имаат плодна работа во престојниот летен период.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/367-informativen-sostanok-so-postdiplomcite-na-utms#sigProId1e58aebb68