СТУДЕНТИ НА УТМС ВО КЛУБОТ НА ИСТРАЖУВАЧИ НА НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Студентите на Економскиот факултет на УТМС, заедно со Деканот и Проректор за наука и развој Проф. д-р Сашо Кожухаров,на 11.06.2015 година присуствуваа и земаа активно учество во клубот на истражувачи на Народната банка на Република Македонија, која се одржа во просториите на банката.

    На оваа 17та по ред сесија на клубот на истражувачи беа презентирани два труда од областа на макроекономските анализи со наслов: „Оценка на влијанието на фискалната политика врз тековната сметка - хипотезата за двоен дефицит во случајот на македонската економија“, чии автори се Весна Стојчевска и Мите Митески.

    Како и „Оценка на преносните ефекти од надворешните шокови врз одржливоста на надворешниот и јавниот долг на Република Македонија“ на авторите Даница Уневска-Андонова и Дијана Јаневска-Стефанова.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај