Економскиот Факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје на 11.12.2015 во просториите на УТМС одржа обука на тема „Менаџерската економија и хартиите од вредност како можност за профит“, на која присуствуваа 62 матуратни и дел од професорскиот кадар на СУГС „Арсени Јовков“ од Скопје.
Како фасилитатори на обуката се јавија Деканот на Економскиот Факултет, Проф. д-р Сашо Кожухаров и Доц. д-р Јулијана Ангеловска.
Матурантите од „Арсени Јовков“ се стекнаа со тесно концентирано знаење на актуелна економска тема и добија јасен увид во пристапот на прдавање на УТМС. На учесниците на обуката им беа доделени соодветни сертификати.
Оваа обука како дел од активностите на Центарот за кариера на УТМС ги вмрежи матурантите со професорскиот кадар, градејќи основ за следна соработка и учење.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/353-menadjerskata-ekonomija-i-hartiite-od-vrednost-kako-mozhnost-za-profit#sigProId0aa16caad3