Согласно годишната програма за работа на УТМС и супремацијата на нивото на знаења, вештини и компетенции на студентите, на 07 Декември 2017 година, студентите од Економскиот факултет зедоа активно учество во кварталната сесија на Клубот на истражувачи на Народна банка на Р. Македонија. На сесијата беа презентирани актуелни теми за: „Извозната структура и економскиот раст, случајот на земјите од Западен Балкан”, од авторот Бојан Шимбов и „Истражување на кредитната монетарна трансмисија во Р. Македонија: докази од моделот на векторска корекција на грешките“, од авторот Милан Елисковски. За време на сесијата студентите се стекнаа со знаења за влијанието на извозната структура врз економскиот раст на земјите од Западен Балкан и за состојбата на кредитната монетарна трансмисија во Р. Македонија.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/325-27#sigProId01a5f7865c