СТУДЕНТИ ОД УТМС ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА И ПРЕДАВАЊЕ ВО БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НА Р. МАКЕДОНИЈА

    Согласно годишната програма за работа на УТМС, како и долгодишната соработка со Минстерството за финансии, на ден 12.12.2017 година, студентите беа во официјална посета на Бирото за јавни набавки во Министерството за финансии на Р. Македонија.

    По воведно обраќање на директорот, г-дин Ѓорги Георгиевски, детални, на највисоко ниво, консултативни и оперативно- апликативни осврти за спецификите на јавните набавки како дел од функционирањето на целокупниот стопански и нестопански систем на Р. Македонија презентираше
    државниот советник, м-р Александар Аргировски.

    Во вториот дел беа прагматично и конзекутивно спроведени постапките и методите на електронските јавни набавки (со активно учество на студентите на УТМС), од страна на претставниците на Секторот за Електронските јавни набавки, м-р Александра Петреска и м-р Катерина Наумовска Костиќ.

    Особено треба да се потенцира дека презентерите, м-р Аргировски, м-р Петреска и м-р Наумовска Костиќ магистрираа на Економскиот факултет на УТМС, за што и пред студентите го искажаа своето позитивно мислење во функција на подигањето на нивото на знаења, вештини и компетенции.

    ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • dummy contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај