Студентите од Универзитетот Скопје учествуваа на Регионалната конференција за е-трговија, која се одржа на 3-ти ноември 2026 година во Скопје, каде имаа можност да се запознаат со актуелните трендови, можностите и перспективите за развој на е-трговијата во регионот.
Во наредниот период, студентите ќе продолжат со практични работилници, тримесечен E-commerce Bootcamp, а своето знаење и креативност ќе ги преточат во конкретни решенија на завршниот Hackathon, кој ќе се одржи во мај 2027 година.
Преку ваквите активности, студентите добиваат можност да учествуваат во реални проекти, да соработуваат, да ги развиваат своите дигитални и професионални компетенции и да го поврзат академското знаење со практичните предизвици на современиот пазар.
Универзитетот Скопје уште еднаш докажува дека вистинското образование не завршува во предавалната, туку се надградува преку искуство, практика и директно учество во реални проекти.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/734-studentite-od-univerzitetot-skopje-del-od-regionalnata-prikazna-za-e-trgovija#sigProId8d603231f9

