На 04.06.2026, на Економскиот факултет на Универзитет Скопје, Жаклина Савевска го одбрани својот магистерски труд: „Развој на политика и процедура во функција на управување со индиректен кредитен ризик во деловна банка.“
Во свечена атмосфера и полна предавална, Савевска, пред комисијата, имаше одлична презентација на својот магистерски труд, а потоа одговараше и на поставените стручни прашања, што беше одлично оценето и поздравено и од професорите и од присутните гости.
Савевска се стекна со титулата Магистер по финансии на Економскиот факултет на Универзитет Скопје
Инаку, Жаклина Савевска е Менаџер за развој на оперативни процеси во финансиско-правната компанија EOS Matrix.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/729-odbrana-na-magisterski-trud-na-zhaklina-savevska#sigProId5d10c2eef0

