Според анктетата спроведена меѓу гледачите на ТВ Орбис, Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје е најпопуларниот приватен универзитет.
Во организација на ТВ Орбис во саботата на 15.02.2014 година се одржа манифестацијата Најпопуларни во 2013-та, на која беа избрани најпопуларните личности, компании и институции во изминатата година. Изборот е направен преку анонимна анкета на која се изјасниле гледачите на ТВ Орбис.
На манифестацијата присуствуваа видни личности од различни сфери на општеството и деловната заедница во Република Македонија.
За најпопуларен приватен универзитет беше избран Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје. Наградата ја прими ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, кој од свое лично име, од името на вработените и од името на сите студенти на УТМС, изрази благодарност за довербата која на Универзитетот му ја дадоа гледачите на ТВ Орбис меѓу кои се и бројните студенти од Битола кои студираат на УТМС.
Тој истакна дека Универзитетот до сега добил повеќе значајни награди како што е престижната наградата за Total Quality Management добиена во Женева во ноември 2013, меѓутоа оваа му е посебно драга бидејќи преку неа гласачите потврдија дека го препознале квалитетот кој УТМС како високообразовна институција го негува и перманентно го усовршува.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/506-utms-najpopularen-privaten-univerzitet#sigProId3be612b1d0