На вториот ден од Конгресот, најнапред на пленарната сесија беа поканети лидери на политички партии од Македонија за да ги излозат своите програми и визии за развојот на туризмот.
Во рамките на Конгресот, беше промовирана книгата на проф. др. Зоран Ивановиќ, - Методологија на научно-истражувачка работа, капитално дело, прво од таков вид и квалитет во РМ. Промотори на книгата беа проф. др. Тодор Кралев од УТМС и Слободан Ивановиќ од Факултетот за туризам во Опатија.
Авторот на книгата се одлучи првичната промоција на неговото дело на кое работел повеќе од 15 години да ја реализира во рамките на Саемот и Конгресот кои ги организираше нашиот Универзитет. На тој начин, проф. Зоран Ивановиќ покажа колку го цени и почитува нашиот Универзитет. Сите кои ќе ја прочитаат оваа книга, ќе можат да видат за какво капитално дело се работи и какво признание му е дадено на нашиот Универзитет.
Промоторите во своите говори укажаа дека:
-се работи за капитално дело од областа на научната методологија;
-сите сегашни и идни научни работници би било пожелно да се запознаени со содржините на оваа книга;
-книгата има значајна теоретска и практична димензија.
После афирмативните излагања на промоторите, учество со свое излагање зедоа авторот, проф. д-р Зоран Ивановиќ и дел од присутните.
Инаку, пред почетокот на Конгресот, УТМС потпиша договор за соработка со Европскиот политехнички универзитет од Бугарија, во кој е вклучено и отворање студиум по информатички технологии на УТМС.
Заклучоците од Конгресот беа презентирани на промоцијата на првата генерација магистри на УТМС, која се одржа во хотелот Александар Палас, на 28.04.2011.
https://ef.utms.edu.mk/vesti/440-odrzhan-megjunarodniot-nauchen-kongres-vo-organizacija-na-utms#sigProIdf8491d674b