Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е влезен во базата на PADOR во рамките на EuropeAid и на тој начин се отвора можност за учество во проекти финансирани од ЕУ.
Ова е тело на Европската комисија која управува со програмите на Европската Унија за надворешна помош и ги контролира фондовите за развој на ЕУ. PADOR базата на податоци е раководена од EuropeAid и содржи организации и нивни партнери, кои аплицираат за грантови од Европската комисија во областа на надворешната помош. PADOR е акроним од „Potential Applicant Dated Online Registration".
Податоците на организациите внесени во PADOR се користат од страна на Европската унија за проверка на подобноста на организациите кои учествуваат во повиците за учество во проекти.
Обврската да се биде дел од базата PADOR за учество во проекти кои се финансирани од фондовите на Европската Унија не е задолжителна, меѓутоа строго се препорачува.